More

    Зеленски: руски диверзантски групи влегле во Киев

    Украинскиот претседател Владимир Зеленски во обраќање до нацијата денеска изјави дека руски диверзантски групи влегле во Киев. Тој рече дека Украина е оставена сама да се бори против Русија.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутрината изјави дека 137 цивили и воен персонал досега се убиени во руската инвазија на неговата земја. Тој ги нарече „херои“ во видео-обраќањето објавено рано изутрината, во кое, исто така, наведува дека повеќе од 300 луѓе биле повредени за помалку од 24 часа борби.

    „Тие убиваат луѓе и ги претвораат мирните градови во воени цели. Тоа е никогаш нема да биде простено“, рече Зеленски, прецизирајќи дека сите граничари на островот Змиини во регионот Одеса биле убиени.

    Тој додаде дека и покрај загубите, вооружените сили на Украина „брилијантно ја бранат земјата против една од најмоќните нации во светот“. Според Зеленски, руските „диверзантски групи“ влегле во Киев.

    Зеленски рече дека „непријателските диверзантски групи влегле во Киев“ и ги повика жителите да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за полициски час.

    Зеленски, исто така, се пожали што неговата земја е „оставена сама“ да се бори против Русија. „Кој е подготвен да се бори покрај нас? Не гледам никого“.

    Претходно тој потпиша декрет со кој се наредува целосна воена мобилизација и им се забранува на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата. Во декретот се вели дека мобилизацијата ќе трае 90 дена.

    Слободна Европа

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img