Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа

0
389

Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа, пишува Блумберг.

Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 проценти, што е петти најлош пад во историјата на берзата.

Вагит Алекперов, претседател на управата на Лукоил, доживеа најголем пад на својата нето вредност – таа падна за околу 6,2 милијарди долари на 13 милијарди долари. Акциите на московскиот производител на нафта паднаа за околу 33 отсто.

Алексеј Мордашов, претседател на управата на Северстал челик, изгуби 4,2 милијарди долари, намалувајќи го своето богатство на 23 милијарди долари.

Владимир Потанин, претседател на Норилск Никел и моментално најбогат човек во Русија, изгубил три милијарди долари, пишува Блумберг.

 

фокус.мк