Две лица уапсени во пограничниот појас со Грција, едното сакало да влезе илегално во Македонија другото му помагало

0
53

Во пограничниот појас со Грција уапсени се две лица. Едното од Македонија, додека другото било од Албанија. Второосомничениот сакал да влезе илегално во државава, додека другиот му помагал да ја оствари таа цел.

На 15.03.2024 во 16.10 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.М.(26) од Богданци, со привремен престој во Гевгелија. Тој бил затекнат како му помага на Е.Х.(39) од Република Албанија илегално да помине од територијата на Република Грција во Република Македонија. За настанот биле известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.