МВР: Приведени се две лица кои пукаа и ограбија кумановец

0
60

МВР извести дека полициски службеници денеска ги уапсиле М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од скопското село Буковиќ.

Тие се сомничат дека вчера околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со возило „ренџ ровер” удриле во возило „фолксваген пасат”, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.