More

    Зеленски: НАТО не е подготвен да ја прифати Украина, сами ја браниме нашата земја

    Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека лидерите на европските земји не се подготвени да соопштуваат детали кога станува збор за пристапот на Украина во НАТО, додавајќи дека Киев не се плаши да зборува за неутрален статус на Украина. „Оставени сме сами во одбраната на нашата земја. Кој е подготвен да и даде гаранција на Украина за влез во НАТО? Искрено, сите се плашат“, рече Зеленски во синоќешната видео порака, пренесува Интерфакс.

    „Им порачувам на сите партнери на нашата земја – сега е важен момент, се решава судбината на нашата земја. Ги прашувам дали се со нас? Тие одговараат дека се со нас, но не се подготвени да не прифатат во алијансата“, рече Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин вчера наутро најави почеток на специјална воена операција во Украина. Кремљ објави дека во Украина не се води војна, туку специјална операција, чија цел е денацификација на земјата и демилитаризација, во интерес на безбедноста на Русија.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    30.8 ° C
    30.8 °
    30.8 °
    35 %
    1kmh
    20 %
    Thu
    29 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img