More

    Централната банка на Русија денеска ја зголеми референтната каматна стапка од 9,5 на 20 отсто годишно за да ја штити рубљата

    Централната банка на Русија денеска ја зголеми референтната каматна стапка од 9,5 на 20 отсто годишно, со цел да се спротивстави на ризиците од губење на вредноста на рубљата и зголемувањето на инфлацијата.

    „Надворешните околности за руската економија драстично се променија. Подигнувањето на основната стапка ќе овозможи зголемување на каматните стапки на депозитите до нивото потребно за неутрализирање на ризиците од растечката опасност од девалвација и инфлација. Ова ќе ја поддржи финансиската и ценовната стабилност и ќе ги заштити заштедите на граѓаните од девалвација“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

    Ова е највисокото ниво на референтни каматни стапки што Русија некогаш го имала. Претходното рекордно ниво од 17 отсто беше забележано во декември 2014 година.

    извор: Слободен печат

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img