More

    Aвиони на САД и Велика Британија со патролен лет на границата со Украина

    Авиони на Соединетите Американски Држави (САД) и на Велика Британија извршиле патролен лет на границата со Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

    Во веста на „Remix News“, базирана на податоците на веб-страницата за следење на авиони „Flightradar 24“, се наведува дека авионите на воздухопловните сили на НАТО внимателно ја следат состојбата во Украина и одржуваат висок степен на подготвеност.

    Се истакнува дека американскиот извидувачки авион, што полетал од воздухопловната база „Михаил Коглничану“ во пристанишниот град Констанца, Романија, извршил патролен лет на исток и север на границата на Романија со Русија.

    Пријавено е дека два авиони за полнење гориво од типот „Боинг KC-135 Стратотанкер“ исто така правеле кругови источно од Краков, Полска, на околу 150 километри од украинската граница.

    Се наведува дека во истата област патролирал и авион од типот „F-35 лајтнинг“.

    Авионите, за кои се наведува дека припаѓаат на САД, полетале од воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.

    Покрај американските авиони што патролираат во регионот, авион на британското кралско воздухопловство „Милденхол“ е виден и во северниот дел на романскиот град Брашов.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img