More

    Борел предупреди дека санкциите на ЕУ против Русија ќе предизвикаат зголемување на цените

    Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ги предупреди граѓаните дека санкциите на ЕУ против Русија ќе предизвикаат зголемување на цените, но дека мора тоа да се прифати во име на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Европската Унија очекува противмерки од Русија наскоро, иако за сега не се знае какви, во кој облик и со кој интензитет. Она што може да се очекува со извесност е зголемување на цените на енергијата, а со тоа и општо на цените на сите производи.

    Ова денеска го потврди и самиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

    Европската Унија е решена да ја намали зависноста од рускиот гас и тоа ќе има последици врз пазарот.

    Ќе има турбуленции на пазарот на енергијата, тоа се случува, ќе се зголемат цените и тие цени ќе ги платат потрошувачите, можеме да воведеме политики за заштита на најранливите но се наоѓаме во таа ситуација, нашите акции и реакции ќе имаат последици и треба да сме подготвени за тоа – изјави Борел.

    Односите со Русија нема повеќе да бидат дефинирани од трговијата, рече тој, додавајќи дека ЕУ не сака да се бори против рускиот народ, но дека мора да ја брани Украина и европскиот начин на живот.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img