More

    Загинаа седум деца во гранатирањето на Украина, Зеленски бара Русија да биде запрена

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика Русија да се запре додека во текот на ноќта продолжи гранатирањето на украинските градови, по вчерашниот прв круг мировни преговори меѓу Русија и Украина.

    Повеќе од 100 цивили веќе загинаа во руската војна во Украина, додека повеќе од 300 случајни минувачи се повредени, соопшти канцеларијата на високиот комесар за човекови права Мишел Бачелет. Меѓу загинатите има најмалку седум деца.

    Украинската Влада соопшти дека бројот на цивилни жртви досега изнесува повеќе од 150, додека Русија ја отфрли идејата дека нејзините трупи кои напредуваат претставуваат закана за цивилите, пренесува ДПА.

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш претходно изјави дека има „веродостојни извештаи за станбени згради, критична цивилна инфраструктура и други невоени цели кои претрпеле голема штета”, нарекувајќи ги смртните случаи меѓу цивилите „целосно неприфатливи”.

    – Држава што врши воени злосторства против цивили не може да биде членка на Советот за безбедност на ОН, рече Зеленски во видео порака, во молба Москва да биде исклучена од Советот на ОН каде што е постојана членка со право на вето.

    – Ова овде е Украина. Ова е Европа. Ова е 2022 година. Злото вооружено со проектили, бомби и артилерија мора веднаш да се запре. Економски да се уништи. Да се покаже дека човештвото може да се брани, рече Зеленски.

    Тој ја повика меѓународната заедница да размисли за целосно блокирање на воздушниот простор за руските ракети, авиони и хеликоптери.

    Американската Влада ги отфрли повиците за воспоставување зона на забранети летови над Украина, велејќи дека тоа ќе биде чекор кон директен конфликт меѓу САД и Русија.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img