МНР со апел: Македонците да не патуваат во Русија, оние кои се таму да се вратат додека има линии

МНР испрати соопштение до нашите граѓани во Русија да се вратат дома, заради одлуката на ЕУ и другите европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, за затвoрање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.

„Апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авиолиниите од и кон Русија“, се вели во соопштението на МНР.