Фактор: Големуспех на хирурзите од ТОАРИЛУЦ – успешно изваден агресивен тумор кај 27-годишна пациентка

0
420

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, два тима предводени од професор Милан Самарџиски завчера изведоа исклучително комплициран оперативен зафат кој траел речиси 8 часа на бенигнен агресивен тумор кај млада 27 годишна пациентка. Заслужен е 15-члениот „арсенал“ од доктори, медицински сетри, болничари, но како што вели во разговор за Фактор професорот Самарџиски, оваа операција би била невозможна без васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски, објави Фактор.

-Станува збор за агресивен тумор на шаката на паличната коска. Значи кај пациентката немаше малигни клетки, но туморот беше агресивен, расте брзо и оштетува коски. Тоа само хируршки може да се лекува, нема потреба од хемотерапија и тоа е добро, бидејќи васкуларниот граф „не сака„ хемотерапија“. Туморот успешно го извадивме, а дефектот го пополнивме со парче од малата писка, односно од горниот дел на потколеницата, а тоа е навистина многу тешко и сложено поради васкуларизацијата на тој дел. Токму за овој дел, д-р Граматиковски цели 4 часа оперираше, со микроскопи практично врзуваше „невидливи конци“, а потоа ние, во однос на ортопедскиот дел, ставивме плочки и штрафови и сега оставаме да подзарасне. Самиот момент кога го споивме со крвните садови се виде дека фрагментот е жив, опскрбен со крв и затоа сметаме дека е успешна операцијата. Од горниот дел на коската на ногата, всушност извадивме едно мало зглобче и го искористивме за зглобот на шаката. Практично, ако туморот беше околу пет сантиметри, таков ист фрагмент извадивме од ногата. Но, тука е комплицирано тоа што од големите крвни садови ги одвојувавме гранките и уште покомплицирано е што тука има еден нерв кој е одговорен за стапалото. Тој е многу нежен, малку само да се допре, прави парализа. Тоа е тој ризик, за кој пациентката е целосно запознаена и потпишува согласност. Но, тимот кој ја знае работата прво го изолира нервот, го штити и се помина во најдобар ред. Ова е втора операција која ја изведува д-р Никола Граматниковски. Претходно, пред отприлика 6-7 недели имаше уште една слична операција на која работеше со д-р Илир Хасани, васкуларна фибула ставаа на надлактица. И тоа беше навистина успешна операција беше на ТОАРИЛУЦ, појаснува детално професорот Самарџиски.

Текстот во целост на: Фактор.