Има загинати и повредени во гранатирањето на телевизиската кула во Киев

0
248

Пет луѓе загинаа, а пет се ранети во денешниот напад на руските сили врз телевизиска кула во Киев, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина.

„Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува“, се наведува во соопштението.

Претходно украинските медиуми објавија дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили.