More

    Мицкоски: Ќе им се случи народ, ќе дојде часот за улица

    Некој ќе рече на овие им е само до власт. Но, не ни е само до власт, ако така гледаме можеби ние сега сме во најкомотна позиција, двапати поголем рејтинг, 50тина општини, не еве ќе дојде денот кога ќе го повикаме народот, јас лично ќе го повикам народот против оваа корумпирана, криминализирана и неспособна и анационална власт. Многу скоро ќе дојде тој ден, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

    Мицкоски вели дека ќе побара поддршка и од медиумите и од сите граѓани масовно да излезат и да покажат пркост што навистина мислат граѓаните за оваа владеење на владата на СДСМ.

    Ќе побараме и општествена поддршка од вас, од луѓето кои што се креатори на јавното мислење. Ако мислите дека е вака добро, тогаш јас сум бил во заблуда, ако не придружете ни се, да излеземе сите масовно да покажеме пркост, да покажеме што мислиме, изјави тој.

    На прашањето што смета тој за предвремените парламентарни избори со оглед дека СДСМ не прифаќа, Мицкоски потенцираше дека власта е исплашена бидејќи ќе им се случи огромен пораз.

    Тие се уплашени од својот страв, тие се двојно уплашени, како ќе се согласат кога они знаат што ќе им се случи. Ќе им се случи огромен пораз, дециден е Мицкоски.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img