More

    Неизвесни денешните преговори помеѓу Украина и Русија

    Нова рунда преговори меѓу делегациите на Украина и Русија се очекува денеска на територијата на Белорусија, во нејзината западна област на шумата Бјаловиеза, дознава ТАСС.

    Сепак, сè уште ништо не е сигурно за овој настан, како што беше случајот со преговорите на 28 февруари во регионот Гомел во Белорусија.

    Од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа соопштија дека тешко дека на преговорите планирани за денеска ќе се сретнат украинската и руската делегација.

    – Веројатно нема да се сретнат во среда. Можно е да се одложи за неколку дена, во контакт сме со преговарачките тимови – изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

    Првата рунда преговори се одржа во понеделникот. Од самиот почеток на специјалната воена операција во Украина, бројни земји понудија да обезбедат место за преговори, а Белорусија беше меѓу првите што го стори тоа.

    Руската делегација пристигна на разговори во белорускиот град Гомел, но украинските дипломати одбија да се сретнат во Белорусија и инсистираа на друга држава.

    Прашањето беше решено по телефонскиот разговор меѓу претседателите на Белорусија и Украина, Александар Лукашенко и Владимир Зеленски.

    Сепак, местото практично беше преместено на украинско-белоруската граница, до реката Припјат. Почетокот на преговорите неколку пати се одложуваше.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img