More

    Георгиевска: Со навремени мерки го штитиме стандардот, граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од залихи

    Со издржани и навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните од ценовните шокови како последица на глобалната енергетска криза. Во оваа насока, ограничени се маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо. Претходно, цените на овие производи беа замрзнати, истакна Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

    Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

    Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од правење залихи. Основните производи и сите останати артикли ги има и ќе ги има во доволна количина, а нивната цена нема да се зголеми драстично.

    Нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно, се следи внимателно ситацијата и доколку има потреба државата ќе интервенира.

    Во моментот нема потреба од тоа, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 1 месец, не вклучувајќи ги деновите кои може да се покријат преку државните резерви.

    Владата и институциите предводени од СДСМ во континуитет, постојано преземаат конкретни мерки кои го штитат и унапредуваат стандардот на граѓаните.

    Тоа е особено важно имајќи ги предвид глобалните кризи во делот на економијата и енергетиката.

    Владата предводена од СДСМ им помага на домаќинствата и во справување со зголемувањето на цената на електричната енергија.

    Намалено е ДДВ за струјатата од 18 на 5%, рестарирани се сите капацитети и нема увоз на скапа струја, државата ги сибвенционира граѓаните со што спречивме големо покачување на струјата.

    Скоро 7.500 семејства добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, а се подготвува и нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

    Новонастанатата ситуација со војната во Украина и последиците од неа врз глобалната економија, се следи внимателно и навремено се реагира, со издржани и реални мерки, и што е многу важно врз основа на претходно направени анализи за ефектите и финансиските импликации.

    Владата веќе подготвува обемен пакет за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи и тие издржани и реални мерки ќе се најдат наскоро пред пратениците.

    Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира со лицитирање на бројки, со паушални предлози, туку ќе ги поддржи, затоа што тие ќе бидат од помош за граѓаните и домашната економија.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    3.6kmh
    0 %
    Wed
    28 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img