Украина потврди -преговорите продолжуваат вечерва

0
322

Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи вечерва, потврди денеска советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

Според него, делегациите на двете страни ќе останат непроменети.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави можност за продолжување на разговорите вечерва. Тој рече дека руската делегација ќе пристигне во попладневните часови на местото каде што треба да се одржи нова рунда преговори со претставниците на Украина и дека ќе бидат подготвени вечерва да ги продолжат разговорите.

Песков одби да прецизира на која локација ќе се одржи состанокот.