Георгиевска: Наместо блокади на Собранието пратниците на ВМРО-ДПМНЕ да се оградат од потврдениот криминал на оваа партија

Во реплика на денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска, рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо да го блокираат Собранието со лажен изговор за загрозена демократија, треба да се оградат од криминалот на врхушката на оваа партија, за којшто има и судски потврди (случај “Титаник).

-Судски одлуки имате со принзанена вина за криинални дела од невидени размреи. Што значи ВМРО-ДПМНЕ 11 годии владееле врз основа на криминално добиени избори, тоа го принзаа вашите раководни кадри. За каква демократија зборува ВМРО-ДПМНЕ? Од петни жили ВМРО-ДПМНЕ се труди да го блокира Собранието и постојано да напаѓаат, мислејќи дека граѓаните ќе заборават што се случувало 11 години. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат искрени и ако навистина сакаат нешто да променат да се дистанцираат и да ги осудат сите криминали на нивното раководство кои што се инволврани во криминали. Но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ молчат, тоа значи дека тоа што било го поддржуваат, рече пратеничката Георгиевска.

ВМРО ДПМНЕ со месеци се обидува да ја опстриура и да ја блокира работата на Собранието и собраниските комисии.

Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции. Една од нив, секако е и Уставниот суд кој со месеци работи во нецелосен состав.

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ не им одговора функционален судски систем.

СДСМ денеска соопшти дека како парламентарно мнозинство нема да се повлече пред блокадите на опозицијата, ќе сториме се, сите закони важи за граѓаните да бидат донесени и да започне нивната реализација.