Владата го прогласи Куршумли Ан за културно наследство од особено значење

Владата денеска го прогласи Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.

Со оваа одлука на предлог на Управата за заштита на културното наследство, Куршумли Ан кој е изграден во средината на ХVI век, и кој претставува споменик на културата се овозможува трајно зачувување на Анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство.