Како ќе заврши Украинската криза? – еве што кажа Хенри Кисинџер пред 8 години

0
334

Хенри Кисинџер за cnnbc.com пред 8 години на тема „Како завршува украинската криза“.

„Јавната дискусија за Украина секогаш е конфонтирачка. Но, дали знаеме каде одиме? Во мојот живот видов четири војни кои започнаа со голем ентузијазам и поддршка од јавноста; ниедна не знаевме како да завршиме, а од три се повлековме еднострано.

Политиката се тестира како завршува, а не како почнува.

Премногу често украинското прашање се поставува како дуел: дали Украина ќе се приклучи на Истокот или на Западот. Но, ако Украина сака да преживее и да напредува, таа не смее да биде истурена позиција на која било страна против другата – таа треба да функционира како мост меѓу нив. Русија мора да прифати дека обидот на Украина да ѝ наметне статус на сателит и со тоа повторно да ги помести руските граници, ќе ја осуди Москва на повторување на нејзината историја на бескрајни реципрочни притисоци од Европа и САД.

Западот мора да разбере дека за Русија, Украина никогаш нема да биде обична странска земја. Руската историја започнува со Киевска Русија. Од таму се рашири руската религија. Украина со векови е дел од Русија, а нивните истории беа испреплетени и пред тоа. Некои од најважните битки за руската слобода, почнувајќи со битката кај Полтава во 1709 година, се воделе на украинска територија. Дури и познати дисиденти како Александар Солженицин и Џозеф Бродски инсистираа дека Украина е составен дел од руската историја и, конечно, од Русија.

Европската унија мора да признае дека нејзината бирократска бавност и приматот на нивните внатрешни политики во преговарањето за односот на Украина со Европа придонесе преговорите да се претворат во криза. Надворешната политика е уметност на утврдување приоритети.

Решавачки момент се Украинците. Тие живеат во земја со сложена историја и полиглотски состав. Западниот дел беше инкорпориран во Советскиот Сојуз во 1939 година, кога Сталин и Хитлер го поделија пленот. Крим, од чие население 60% се Руси, стана дел од Украина дури во 1954 година, кога Никита Хрушчов, Украинец по потекло, го подари како дел од 300-годишнината од прославата на рускиот договор со Козаците. Западот е главно католички; истокот во голема мера православен.

Западот зборува украински; истокот претежно руски. Секој обид на едното крило на Украина да доминира со другото – како што досега беше шемата – на крајот ќе доведе до граѓанска војна или распад.

Украина е независна само 23 години; под туѓи власти е уште од 14 век. Не изненадува што нејзините водачи не ја научиле уметноста на компромисот, уште помалку историската перспектива. Политиката на Украина после независноста јасно покажува дека коренот на проблемот лежи во напорите на украинските политичари да ја наметнат својата волја на непослушните делови од земјата, прво од едната, потоа од другата фракција.

Лидерите на сите страни треба да ги преиспитуваат можните резултати, наместо да се кочоперат во заземените пози. Ова се мои гледања на исход компатибилен со вредностите и безбедносните интереси на сите страни:

Украина треба да има право слободно да ги избира своите економски и политички здруженија, вклучително и со Европа.

Украина не треба да влезе во НАТО, позиција што ја зазедов пред седум години, кога последен пат беше покренато.

Украина треба да биде слободна да избере влада компатибилна со изразената волја на нејзиниот народ. Мудри украински лидери тогаш би се одлучиле за политика на помирување меѓу различните делови на нивната земја. На меѓународно ниво, тие треба да држат поза споредлива со онаа на Финска. Таа нација не остава сомнеж за својата жестока независност и соработува со Западот на повеќето полиња, но внимателно избегнува институционално непријателство кон Русија.
Некомпатибилно со правилата на постоечкиот светски поредок е Русија да го анектира Крим. Но, би требало да е можно односите на Крим со Украина да се стават на помирна основа. За таа цел, Русија би го признала суверенитетот на Украина над Крим а Украина треба да ја зајакне автономијата на Крим на избори одржани во присуство на меѓународни набљудувачи. Процесот би вклучувал отстранување на сите нејаснотии за статусот на Црноморската флота во Севастопол.
Ова се принципи, а не рецепти. Луѓето кои се запознати со регионот ќе знаат дека нема сите точки да бидат пријатни за сите страни. Но, не се цели кон апсолутно задоволство, туку кон избалансирано незадоволство.

Ако не се постигне некакво решение засновано на овие или слични елементи, движењето кон конфронтација ќе се забрза. Тоа време ќе дојде брзо“.

Хенри Кисинџер пред 8 години на тема „Како завршува украинската криза“.