Чешката влада прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена поради зголемениот број на бегалци од Украина.
Вонредната состојба стапува на сила од утре и ќе може да биде продолжена ако биде неопходно, пренесува Си-Ен-Ен.
Премиерот на Чешка Петр Фијала претходно изјави дека вонредната состојба се воведува од чисто технички причини, со цел Чешка да се справи со приливот на бегалци и дека никако нема да влијае на граѓаните на земјата.