Дарко Каевски е нов портпарол на СДСМ

Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица, се вели во соопштението од СДСМ.

Во истото се додава:

Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.
Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ.

Повеќе информациии, целосната биографија и контакт податоци се достапни на официјалната интеренет страница на СДСМ, на следниот директен ЛИНК.

Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес.