Стоилковски: Владата не прави ништо за реконструкција на мостот во Карбинци, и го става во ризик животот на луѓето од Истокот

0
335

Зад мене е мостот на река Брегалница на патот од Кочани кон селото Долни Балван и Штип во општина Карбинци. Овој мост беше оштетен при поплавите кои го зафатија регионот пред неколку месеци, се уште не е саниран и од тогаш е надвор од употреба.  Овој мост е дел од клучната патна артерија за источниот дел на државата. Локалната власт ги прави сите напори за да се реши овој проблем, а владата свесно ја кочи општината, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Владата и институциите на централната власт со месеци не преземаат ништо за санација на мостот преку кој дневно поминуваат и над 3000 возила.

Поради долгиот период на нефункционалност, се случува граѓаните само да ги тргаат блокадите и дневно на овој мост, чија конструкција е разнишана да поминуваат и повеќе од 3000 возила.

Општина Карбинци како мала општина ги прави сите напори да дојде до решение и средства за мостот, но влада ја кочи општината на секој можен чекор. Повеќе од 45 дена ги чекале документите од министерството за животна средина за поместување на речното корито за да може да се санираат дел од столбовите.

Што треба да се случи за владата да преземе чекори за реконструкција на овој клучен мост тука во истокот на Македонија?

Ја повикуваме владата да не ги кочи градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и да ја работи работата за која се платени.

СДСМ во нивната борба за дневно политички поени доведуваат и до можност за жртви и несогледливи последици.