Бектеши: Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати, пазарниот инапекторат е на терен за да утврди зошто се создава ваква паника

0
362

Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви и кај трговците со деривати и во државните стокови резерви. Да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции на нафта и нафтени деривати, кажа министерот за екиномија Крешник Бектеши во денешното гостување во дневникот на Сител телевизија откако попладнево на дел од бензиските станици низ државата се создадоа колони на возила кои што чекаа на ред да наполнат готиво во своите резервоари.
Се создава вештачка паника кај граѓаните што може дополнително да направи штета и дисбаланс на пазарот, изјави министерот Бектеши.

Бектеши истакна дека Државниот пазарен инапекторат е на терен за да утврди зошто се создава ваква паника кај граѓаните, но потенцираше дека нема никакви рестрикции ниту трговците можат да ставаат ограничувања за тоа колку горива треба да точат граѓаните.

Во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучич дека на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка, министерот Бектеши потенцираше дека Владата не побарала пченица и пченка од Србија како што кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

“Владата и Агенцијата за стокови резерви нема побарано пченица импченка од Србија, но ако Србија дака да ни даде тогаш ние ќе ја примиме таа количина, но трба да ни кажат кога и каде ќе ни ги достават” кажа Бектеши и потенцираше дека за потребите на стопанството има континуирано има увоз на пченица и пченка од Срвија но кажа дека има доволно количини и во државните резерви но и кај мечничарите.

Министерот кажа доколку има санкции кон Русија нема да се почуствува многу во Македонија директно бидејќи теговската размена со Русија е околу 1,5% во однос на вкупната размена со светот но ќе кма индиректно влијание во делот на енергенсите пред се на европските пазари со кои нашата земја има 70% од трговската размена.