More

    АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба.

    Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.

    -За ставање на состојбата со болеста под контрола, од нејзиното појавување досега, АХВ веднаш го активира Националниот центар за контрола на болести, спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

     

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    30.8 ° C
    30.8 °
    30.8 °
    35 %
    1kmh
    20 %
    Thu
    29 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img