More

    Цената на пченицата на светските берзи поскапе за 40 отсто

    Цените на суровините, од нафта до алуминиум, но и на пченицата, го доживеаја најголемиот неделен скок од 1974 година и од денот на нафтената криза.

    Пченицата скокна за 40 отсто на берзата во Чикаго, на највисоко ниво од 2008 година поради продлабочување на стравот од глобалниот недостиг, бидејќи војната во Украина прекина околу една четвртина од светскиот извоз на основни прехранбени производи што се користат во сè, од леб до колачиња и тестенини.

    Фјучерсите за пченица се зголемија за 6,6 отсто на 12,09 долари за бушел (1 бушел е 27,2 кг)

    Растечката изолација на Русија го задушува главниот извор на енергија, метали и земјоделски култури, предизвикувајќи страв од продолжен недостиг и поостра глобална инфлација. Трговците, банките и сопствениците на бродови се повеќе избегнуваат да прават бизнис со Русија поради тешкотиите во обезбедувањето плаќања, додека бродските линии откажуваат или не прифаќаат резервации од регионот.

     

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img