Путин: „Немаме лоши намери кон нашите соседи“

0
285

Рускиот претседател Владимир Путин, рече дека соседните земји не треба да ја ескалираат ситуацијата во односите со Русија и дека Русија нема лоши намери кон нејзините соседи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Путин преку видеоконференција говореше на промоцијата на новиот руски брод.

Истакнувајќи дека Русија ќе продолжи да се развива, и покрај тешкотиите, Путин рече: „Ќе ја зајакнеме транспортната и логистичката инфраструктура низ целата земја. Тоа ќе го направиме во Балтичкото Море, во нашите региони на Арктикот и на Далечниот Исток.“

Путин наведе дека не сакаат да ги влошат односите со соседните земји, додавајќи: „Ние немаме лоши намери кон нашите соседи. Ги советувам да не ја влошуваат ситуацијата и да не наметнуваат никакви ограничувања. Ги исполнуваме сите наши обврски и ќе продолжиме да го правиме тоа.“

извор: Агенција Анадолија (АА).