Прво, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците од нивните редови дефинитивно не сработеа ништо освен притисоци и партизација. Ова се дефинитивно најслабите градоначалници во историјата досега, но и ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека отчет се дава пред граѓаните, а не пред партискиот лидер и тоа во скапи хотели. Таква слика гледавме 11 години, а таква слика гледаме и денеска, впрочем така и работат повторувачите на Груевски. Тоа е потврдено и во случајот познат како Титаник за што и неодамна имаше и пресуди, истакна портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.
https://www.youtube.com/watch?v=QCiFzRH_yHY