Митевски: Обезбеден е паркинг за амбулантата во Петровец, во изработен е проект за изградба на нова детска градинка

0
514

Во населеното место Петровец на ул.22 по завршувањето на канализационата мрежа извршивме целосно асфалтирање на истата, во должина од 280 метри. На трите краци на ул.22 поставена е нова канализациона мрежа со вкупна должина од 280 метри и извршивме приклучување на домаќинствата на канализационата мрежа. Во населено место Петровец на крак од ул.1 е направено канализациона мрежа од 300 метри и истата ја поплочивме со бекатон плочки, а извршивме и темелна реконструкција на културниот дом во населеното место Сушица, изјави градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски на денешниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Митевски додаде дека се исчистени 4 диви депонии во населените места во општината.

Извршивме чистење на четири диви депонии. Ја исчистивме дивата депонија на излезот од населеното место Петровец – на патот кон населеното место Огњанци. Исчистена е дивата депонија кај црквата Св. Илија во населеното место Огњанци. Исчистена е дивата депонија кај местото викано Кисела Вода и депонијата во населеното место Петровец кај православните гробишта. Извршивме расчистување и тампонирање на дворното место на амбулантата од здравствениот дом Скопје, со што обезбедивме паркинг простор за повеќе возила, рече тој.

Тој додаде дека е извршена реконструкција на детскиот забавен парк во Долно Коњари, а изготвена е и документација за нова детска градинка која треба да се изгради во училишниот двор во ООУ „Кочо Рацин‟.

Извршивме докомплетирање на помошните простории на спортската сала во Средно Коњари, како и уредување на дворното место пред спортската сала на ОУ „Братство единство‟ во Средно Коњари. Изработивме проект за нова општинска зграда .Изработивме проект за нова детска градинка која треба да се изгради во училишниот двор во ООУ „Кочо Рацин‟ во Петровец. Го реконструиравме детскиот забавен парк во Долно Коњари. Почитувани мои сограѓани сите овие реализирани проекти финансиските средства во целост се обезбедени од буџетот на општина Петровец, порача Митевски.

Митевски нагласи дека голем број на проекти ќе се реализираат и во следниот период во општина Петровец меѓу кои и нова пешачко-велосипедска патека од центарот на Петровец до центарот на Р′жаничино, доизградба на спортската соблекувална на фудбалскиот клуб од Долно Коњари, изградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци, како и Изградба на пешачка патека во населеното место Горно Коњари од центарот на населеното место до бензинската пумпа.

Нова општинска зграда од 800m². Нова пешачко-велосипедска патека од центарот на Петровец до центарот на Р′жаничино. Продолжуваме со изградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци. Ќе извршиме доизградба на спортската соблекувална на фудбалскиот клуб од Долно Коњари. Изградба на пешачка патека во населеното место Горно Коњари од центарот на населеното место до бензинската пумпа. Во населено место Ржаничино пред културниот дом ќе изградиме нов детски забавен парк. Во населено место Катланово ќе ја до изградиме и опремиме со инвентар просторијата за пензионери. Во училишниот двор на ООУ “Кочо Рацин” Петровец ќе изградиме нова детска градинка. Ќе асфалтираме и поплочиме со бекатон плочки локални улици во населените места, кажа градоначалникот Митевски.