(ВИДЕО) Видовиќ: Четворица српски државјани и двајца од Македонија без храна, вода и гориво „заробени“ на терминал помеѓу Украина и Полска, ве молам да им помогнеме

0
542

Петар Видовиќ професионален возач, бара помош за своите колеги кои како што вели се заробени на граничниот премин „Јагодин, помеѓу Украина и Полска. Како што објаснува Видовиќ, таму се заробени четворица српски државјани, двајца од Македонија и 30 тина од Белорусија. Тој објаснува дека одземени им се документите со што несмеат никаде да се движат, а се наоѓаат на терминалот.

Видовиќ апелира оваа информација преку медиумите да стигне до владите, политичките дипломати и сите кои можат да помогнат. Вели ова мора да се рашири, со цел да им се помогне на луѓето. Тој објаснува дека е во постојана комуникација со неговите колеги, и потенцира дека им е ограничена слободата на движење, трпат навреди и ситни провокации, дури и шамари.

„До пред два дена имаа некаква помош за храна од страна на српски државјанин кој живее во Украина, но сега и тој човек стравува да оди. Пари имаат само на картички или во други валути, па неможат да го користат. Залихите на храна и вода им се при крај. Но најлошо е што немаат гориво, а температурите се многу ниски. Од страна на цариникот им било кажано дека ги чуваат како жив штит. Ве молам, ако ние не им помогнеме не знам кој ќе им помогне. Ние неможеме да им доставиме ништо. Тоа е меѓузона. Физички никако не можеме да влеземе во таа мегузона. Мора да направиме притисок на министерствата за надворешни работи и на институциите од ЕУ, да се повикаме на човечките права и да ги извлечеме колегите живи и здрави“, вели Видовиќ во своето обраќање преку социјалните мрежи.