More

    Виза и Мастеркард ги прекинаа услугите во Русија поради војната во Украина

    Виза и Мастеркард соопштија дека ја суспендирале работата во Русија поради војната во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

    „Со стапување на сила веднаш, Виза ќе работи со своите клиенти и партнери во Русија за да ги прекине сите трансакции со Виза во текот на следните денови. Откако заврши тоа, сите трансакции иницирани со Виза-картичките издадени во Русија повеќе нема да бидат функционални надвор од земјата, а сите Виза-картички издадени од финансиските институции надвор од Русија веќе нема да бидат функционални во рамките на Руската Федерација“, соопшти американската мултинационална компанија за финансиски услуги.

    „Ние сме принудени да дејствуваме по руската неиспровоцирана инвазија во Украина и неприфатливите настани на кои сме сведоци“, рече претседателот и главен извршен директор, Ал Кели.

    Кели ја опиша војната како „закана за мирот и стабилноста“ што бара компанијата да „одговори во согласност со нашите вредности“.

    И Мастеркард исто така соопшти дека ќе престане со работата во Русија поради слични причини.

    „Картичките издадени од руските банки повеќе нема да бидат поддржани од мрежата на Мастеркард и секоја Мастеркард издадена надвор од земјата нема да биде функционална кај руските трговци или банкоматите“, се вели оттаму.

    Војната на Русија против Украина предизвика гнев кај меѓународната заедница, а ЕУ, САД, Велика Британија и други воведоа строги финансиски санкции кон Москва. Западот го снабдува Киев со оружје и хуманитарна помош.

    Според податоците на ОН, од почетокот на војната на 24 февруари во Украина загинале најмалку 351 цивил, а 707 се повредени.

    Над 1,3 милиони луѓе пребегале во соседните земји, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за бегалци при Обединетите нации.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img