More

    Еве што бара Русија за да ги прекине воените дејствија во Украина

    Русија бара Украина да престане со воените дејствија, да го промени својот Устав со цел да воведе амандмани за неутралност, да го признае Крим како руска територија, а сепаратистичките републики Донецк и Луганск како независни територии, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Песков за Ројтерс изјави дека Русија ѝ кажала на Украина дека е подготвена да ја прекине воената акција веднаш штом Киев ќе ги исполни овие услови, објави 360stepeni.mk.

    Тој исто така рече дека Украина е запознаена со условите.

    „Им беше кажано дека сето тоа може да се прекине за миг“, рече Песков.

    Тој додава дека кога станува збор за украинската неутралност, таа земја треба да усвои амандмани на Уставот според кои Украина би останала воено неутрална и не би се приклучила кон кој било блок.

    „Тоа е можно само со промена на Уставот“, истакна Песков.

    Тој, исто така, нагласи дека Русија нема никакви дополнителни територијални претензии кон Украина.

    извор: 360stepeni.mk.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    3.6kmh
    0 %
    Wed
    28 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img