Пецаков: Драги дами, ова е денот кога славите за својата моќна енергија со која ги остварувате сите соништа

0
192

Драги дами, Среќен 8-ми Март! Посакувам секој ден да бидете насмеани и храбри и да го издржите секој животен предизвик онака како што тоа го правевте досега.
Ова е денот кога славите за својата моќна енергија со која ги остварувате сите соништа. Бидете горди што сте мудри и јаки и што имате доволно снага да го промените целиот Свет.
Вие сте добри мајки, сопруги и доволно едуцирани затоа што сте успешни менаџери, адвокати, лекари, судии, новинари, професори но и вредни работнички во фабрика или продажен објект.
Посакувам секој нареден ден да ви биде како денешниов исполнет со многу љубов, внимание и убави мигови, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.