Марш по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената во Скопје – „Сиромаштијата има женско лице“

0
245

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“ денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, се одржа шестиот марш за женски права, јавува Агенција Анадолија (АА).

Денеска од пред зградата на Владата започна шестиот марш за женски права по повод 8 Март, во организација на Платформата за родова еднаквост.

На маршот заеднички беше упатена порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сè уште не уживаат еднакви права.

Присутните извикувајќи слогани „Не ни треба цвеќе, дајте ни правда“ појаснија дека жените во Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуките кои се важни за земјата.

„Дали знаете дека во нашата земја вработени се помалку од половина од жените на работоспособна возраст. Дали знаете дека разликата во стапката на вработеност меѓу мажите и жените во нашата земја е речиси двојно поголема од европскиот просек и една од највисоките во Европа. Дали знаете дека јазот во вработеноста меѓу мажите и жените е исто висок како и пред 20 години“, изјави една од организаторките на маршот.

извор: Агенција Анадолија (АА).