Лебот, зејтинот и брашното тип 400 од денеска се продаваат без профитна маржа во маркетите, информираше на денешниот брифинг со претставници од медиумите министерот за економија Крешник Бектеши.
Според министерот Бектеши со последната Одлука која по предлог на Министерството за економија ја усвои Владата на вчерашната седница е предвидена профитна маржа за продажба на големо од 4%, а за продажба на мало 3% на следните произвоиди: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица– тип 400; шеќер бел конзумен; трајно крвјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо; сувомеснати производи – Салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив; сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо; урда кравја; македонски ориз бел; -јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.
Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена за овие производи. А овошјето и зеленчукот, пченицата и солта се изземени од Одлуката со која се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи.
извор/фото: агенции