Јанакиески осуден на две години условно во предметот за кинеските автобуси

0
250

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска беше осуден на условна казна затвор за кинеските автобуси.

Условната казна затвор од две години, освен Јанакиески, добија и уште две обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки, а ваквата пресуда следеше откако претходно тие своеволно признаа вина за случајот „Дизајн“, кој е поврзан со набавката на 202 двокатни кинески автобуси.

Како што соопшти Кривичниот суд, условната пресуда од две години затвор нема да се реализира доколку тројцата обвинети во следните 5 години не сторат ново кривично дело.

 

извор/фото: радио Слободна Европа