Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава.
Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, коишто очекуваме да бидат распределени започнувајќи од денес, 11.03.2022.
Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализиравме инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Така, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња “поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли.
извор/фото: агенции