Болница во Германија нема да прима руски и белоруски пациенти

0
377

Приватна болница во Германија донесе одлука да не прима Руси и Белоруси како пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста во германските медиуми, клиниката „Латрос“ во Минхен преку писмо до своите вработени соопштила дека Русите и Белорусите нема да бидат прифаќани како пациенти.

Исто така, во писмото се бара да се одложат планираните операции за руските и белоруските граѓани.

Во писмото, во кое остро се осудува инвазијата на Руската армија во Украина со помош на белоруската Влада, се вели: „Русија ја загрозува нашата слобода и демократија. Затоа, отсега па натаму, сѐ до следното известување, ниеден руски и белоруски државјанин нема да бидат третирани од нас.“

Откако написот беше објавен на социјалните мрежи, клиниката беше критикувана од голем број луѓе.

Болницата по големиот број критики направи чекор назад и се извини, но не беше дадена изјава дали руските и белоруските граѓани ќе ги прима како пациенти.

извор: Агенција Анадолија (АА).