10-ти ден откако баба Рада излегла од домот во Волково и се упатила во непознат правец.
Семејство упатува апел секој кој ќе ја види да ја информира полицијата или да ги контактира нив.
„13-ти март е десеттиот ден како баба ми Рада излезе од дома и се упати во непознат правец. Истиот ден беше пријавено во МВР, а следниот ден само порталот МКД.МК објави повик за помош.
Сликите од баба Рада беа споделени на бројни групи на социјалните мрежи, а беше барана и помош од медиумите.
Трагично, имам впечаток дека медиумите изразуваат повеќе интерес за бездомни кучиња отколку за луѓе. Да не се разбереме погрешно, и јас чувам животни и сум љубител, но ја правам основната разлика.
Се прашувам и МВР дали располага со кучиња трагачи, или екипи за потрага?
Почитувани, ако толку ни значи човечкиот живот ние сме оттуѓено општество во длабока апатија и не се гледа светло на крајот од тунелот“, се вели во ФБ статус на социјалните мрежи.
Нејзини фотографии се споделуваат и на социјалните мрежи.