Борел на средби со државниот врв

Потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, кој од вчера престојува во посета на Скопје, денеска ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на парламентарните партии. По средбата со премиерот Ковачевски заедно ќе оддржат прес конференција.

Борел потоа ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

Скопје е првата станица од неговата посета на регионот, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа