Денес Скопје мириса на Каиро, еве зошто …

Кирил Арсовски Пржо, еколог и професор по биологија објаснува зошто денеска Скопје мириса на Каиро.

Утрово се разбудивме со жолти и окер облаци и една жолта дифузна светлина над Македонија, како резултат на огромното количество на Сахарски песок и прашина што деновиве се најде над Европското небо. Секоја пролет, поради температурни промени, силниот Сахарски ветар, Сироко носи минерални депозити преку Медитеранот до Европа и преку Атлантикот до Америка. Еве кој не патувал во Египет, денес Скопје мириса на Каиро, пишува Арсовски на Фејсбук.