(ВИДЕО) Се урна кинески авион со 132 патника – Сателитските податоци на НАСА покажаа голем пожар токму во областа каде авионот се урнал

0
529

Боинг 737 од компанијата „Чајна Истерн“ со 132 лица се урна во понеделникот во јужната провинција Гуангкси, соопштија официјални лица, пренесе Асошиејтед Прес.

АП пренесе дека кинеската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека несреќата се случила во близина на градот Вужоу во округот Тенг.

Летот сообраќал од Кунминг во западната провинција Јунан до индустрискиот центар Гуангжу.

Се уште не се знае бројот на жртви. Авионот превезувал 123 патници и девет членови на екипажот, соопштува Управата, коригирајќи ги претходните податоци дека во авионот имало 133 лица.

Сателитските податоци на НАСА покажаа голем пожар токму во областа каде авионот се урнал. Државните медиуми соопштија дека локалната полиција прво примила повици од селаните кои алармирале за несреќата околу 14:30 часот по локално време.

Медиумите јавуваат дека спасувачките екипи се на терен.