Членови на владите на Северна Македонија и на Бугарија денеска ќе потпишат програми и меморандуми за соработка во областа на образованието и науката, туризмот, културата, младите и спортот, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за образование и наука.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, потпишувањето ќе се одржи во резиденцијата Бојана, а изјави ќе дадат министерот за образование и наука на Бугарија, академик Николај Денков и министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска.