Пецаков: Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766,00 eвра

На пригодна свеченост, денес, го потпишав договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“.

Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

➡Договори за соработка потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“. По завршување на свеченоста се одржа панел дискусија на тема „Општинска дигитализација“ и „Прекугранични предизвици за локалните власти и поглед на ИПА III“, вели градоначалникот.