Во претпладневните часови на последната автобуска станица во населбата Нерези избувна пожар во автобус број 57. Командирот на противпожарната бригада Скопје, Ѕвонко Томевски во изјава за Курир вели дека пријавата кај нив била во 12 часот.
-Пожарот е пријавен во автобус на ЈСП на улица „Козле“. Во моментот автобусот бил празен без патници, само што се паркирал. Пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот и има само материјална штета. Повредени лица нема. Интервернирано е со едно противпожарно возило и 4 пожарникари, вели Томевски за Курир.
Текстот во целост и фото на: Курир