„Слобода“ е новото вселенско летало кое „Спејс икс“ го испраќа до Меѓународната вселенска станица

0
523

Американскиот производител на вселенски шатли и ракети „Спејс икс“, новото летало што следниот месец ќе го лансира до Меѓународната вселенска станица (ISS), го именуваше „Фидом“ („Слобода“), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Дејли мејл“, астронаутот на НАСА, Кјел Линдгрен, соопшти дека екипажот на „Спејс икс“, новото вселенско летало што ќе го лансира во спомен на Алан Шепард, првиот американски астронаут што стапнал во вселената, го нарече „Слобода“.

Линдгрен, потсетувајќи дека Алан Шепард својот вселенски лет со екипажот го извршил со леталото „Фридом 7“, рече дека се среќни што новото летало ќе го наречат „Слобода“.

Американскиот астронаут Линдгрен, исто така истакна дека екипажот на „Кру-4“ ќе биде транспортиран во вселената со капсулата „Кру драгон фридом“.

Во рамките на овој проект, двајца астронаути на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) и еден астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе бидат испратени до вселенската станица.

„Кру драгон“, новата капсула што ќе носи астронаути во вселената, се планира да биде лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида на 19 април.

Се наведува дека со пробниот лет на мисијата „Кру-4“, компанијата „Спејс икс“ ќе го изврши и шестиот вселенски лет за НАСА.

Астронаутите на „Спејс икс“ претходно своите летала ги именуваа како „Ендевор“ (потфат), „Ризилиенс“ (отпорност) и „Ендјуранс“ (издржливост).

Извор: Агенција Анадолија (АА).