(ФОТО) Александар Трајковски испиша историја, ова е семејството кое му дава најголема поддршка

Александар Трајковски испиша историја, со голот кој го даде во последна минута и обезбеди виза за финалето во квалификациите за светското првенство. Цела Македонија слави, а по Горан Пандев кој со години беше заштитно лице на репрезентацијата добивме нов херој, Александар Трајковски, напаѓачот кој направи чудо со својот 20-ти гол за репрезентацијата!

Скопјанецот кој има 29 години, а кој уште пред седум години потпиша за италијанскиот клуб Палермо, е познат во светот на фудбалот како наш репрезентативец, кој е во професионалниот спорт уште од рана возраст, објави info7.news.

„Ништо во животот не можеме да постигнеме ако ја немаме поддршка од најблиските“. Токму голот со кој ја вивна Македонија во фудбалското небо, Трајковски му го посвети на семејството и на цела Македонија.

„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“ – напиша на Инстаграм Трајковски.

Тој е во брак со згодната црнокоса Александра. Плод на нивната љубов е синчето Матеј кој има 5 годинки.

Од фотографиите на социјалните мрежи гледаме дека Александра и синот често го придружуваат сопругот на патувањата, пишува Женски Магазин.

 

извор: info7.news.