МВР: Нема паднато летало во атарот на Арачиново

Се шпекулираше по дојава од жители од селото дека во атарот на Арачиново паднало некакво летало , дрон или друг објакт. Од МВР за Канал 5 појаснија дека постапиле по дојавата и излегле на самото место , но немало никакв летало.

Во меѓувреме се јавиле во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и во други релевантни институции, од каде исто така рекле дека немало никакво сомнително летало во атарот на Арачиново.

Според неофицијални информации очевидци виделе бело летало кое леталео многу ниско и се сомневале дека подоцна паднало.

Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб,но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.

извор: Канал 5