Украина ги забрани руските воени симболи Z и V

0
295

Украинскиот Парламент усвои закон со кој се забранува употребата на руските воени симболи Z и V, јавува Агенција Анадолија (АА).

Русија е означена како „терористичка држава“ во рамките на Законот усвоен од пратениците на Парламентот вчера (1 април), според украинската партија Слуга на народот.

Никита Потурајев, еден од пратениците што го подготвија законот, истакна дека каква било пропаганда во однос на агресијата против Украина е целосно забранета.

Во текот на судирите, руските тенкови и оклопни возила ги носат симболите Z и V.

Руската војна против Украина, што започна на 24 февруари, наиде на голема меѓународна осуда, а Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.

Досега во војната животот го загубиле најмалку 1.232 цивили, а 1.935 се повредени, според проценките на ОН, кои стравуваат дека вистинските бројки се многу поголеми.​​​​​​​

Над 4 милиони Украинци ја напуштиле Украина и пребегале во други земји, а милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.

извор: Агенција Анадолија (АА).