САД одобрија продажба на осум борбени авиони Ф-16 на Бугарија

Соединетите држави одобрија продажба на осум борбени авиони од типот Ф-16 на Бугарија со цел да се зајакне безбедноста на оваа членка на НАТО за време на војната што Русија ја води во Украина, се вели во соопштението на
Стејт департментот во кое се додава дека го информирал Конгресот за својата намера да ги продаде овие авиони и муниција на оваа источноевропска земја за 1,67 милијарди долари. Во соопштението не се прецизира дали продажбата би можела да го отвори патот за замена на борбените авиони од советско производство во Бугарија.

 

Радио Слободна Европа