Жестоките борби и руските воздушни напади продолжуваат во опколениот пристанишен град Мариупол на југоисточниот дел на Украина, соопшти британското воено разузнавање изутринава. Хуманитарната состојба во градот се влошува, а повеќето од 160.000 преостанати жители немаат струја, комуникација, лекови, греење, се вели во соопштението на украинското Министерството за одбрана во кое се додава дека руските сили го спречиле хуманитарниот пристап, најверојатно за да ги притиснат бранителите да се предадат. Извештајот не можеше да биде независно потврден.